Можност за учество на студентите на симпозиум во организација на МСД – Здружение на специјалисти по протетика
Тема: “Протоколи и насоки за естетика и функција во стоматолошката протетика”
Датум: 25.2.2023 година, почеток: 10:00 часот
Место: хотел “Holiday Inn” во Скопје
Заинтересираните студенти е потребно да се пријават во канцеларијата на Македонското стоматолошко друштво – МСД (стар деканат)!
Стоматолошкиот факултет – Скопје и Македонското стоматолошко друштво (МСД) ја продолжуваат својата заложба за обезбедување на бесплатно учество на студентите од Стоматолошкиот факултет на настаните од континуираната едукација која ја спроведува Македонското стоматолошко друштво и здруженијата во негов состав.
