Под покровителство на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје беа ставени во употреба новите клинички сали сместени на Катедрата за болести на забите и ендодонтот и Катедрата за болести на устата и пародонот на Стоматолошкиот факултет – Скопје.
На свеченоста, присуствуваше Ректорот на Универзитетот, проф. д-р Никола Јанкуловски, проректорите, проф. д-р Биљана Ангелова, проф. д-р Христина Спасевска, проф. д-р Ордан Чукалиев, генералниот секретар на Универзитетот, м-р Марија Маневска, раководителот на кабинетот на Ректорот, Биљана Фотиновска, директорот на ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар ,,Св. Пантелејмон’’ во Скопје, м-р д-р Аријан Даци, директорката на ЈЗУ УК за максилофацијална хирургија, проф. д-р Даница Поповиќ Моневска, претставниците во Универзитетскиот сенат и членовите на Деканатската управа на Стоматолошкиот факултет – Скопје.
Преку реконструкција на новите клинички сали и набавката на најсовремена стоматолошка опрема ќе се придонесе за унапредување на квалитетот на наставната, научната и применувачката дејност на најстариот и најдобро рангираниот факултет од областа на стоматологијата во нашата држава.