Реализирана работилница за подигнување на свеста за правилно одржување на орална хигиена и правилна исхрана – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

На 18.5.2022 година во ООУ ,,Коле Неделковски”, Катедрата за детска и превентивна стоматологија при Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, реализираше работилница за подигнување на свеста за правилно одржување на орална хигиена и правилна исхрана.

Реализирањето на работилниците е во рамки на Меморандумот за соработка со Општина Центар, а учениците добија подароци (боенка, четкичка и паста) од нашиот партнер Интердентал ДООЕЛ Скопје.