Работилница за подигнување на свеста за правилно одржување на орална хигиена и правилна исхрана во ООУ Киро Глигоров – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

👉Стоматолошкиот факултет во Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје ја продолжува соработката со Општина Центар за организирање на работилници за подигнување на свеста за правилно одржување на орална хигиена и правилна исхрана.

👉Денеска, Катедрата за детска и превентивна стоматологија го посети општинското основно училиште Киро Глигоров (ООУ ,, Киро Глигоров ” – Центар), каде наставниот кадар и специјализантите реализираа работилница за правилно одржување на орална хигиена и правилна исхрана.

🤝Реализирањето на работилниците е во рамки на Меморандумот за соработка со Општина Центар, а дечињата добија подароци од нашиот партнер Интердентал ДООЕЛ Скопје