Работилница: ITOP – индивидуален пристап во одржување на орална хигиена – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Во рамките на Втората летна школа за студенти по стоматологија/дентална медицина и млади доктори по дентална медицина, се одржа online работилница со наслов: ,,ITOP – индивидуален пристап во одржување на орална хигиена”. Работилницата беше организирана во соработка со нашиот партнер Интердентал ДООЕЛ, а истата ја одржаа проф. д-р Снежана Пешевска од Катедрата за болести на устата и пародонтот и претставникот од Интердентал ДООЕЛ, д-р Катерина Гавриловиќ