Во рамките на Втората летна школа за студенти по стоматологија/дентална медицина и млади доктори по дентална медицина, се одржа работилница со наслов: ,,Базични принципи на современата ендодонтска терапија”. Раководител на работилницата беше проф. д-р Василка Ренџова од Катедрата за болести на забите и ендодонтот.
Преку работилницата, учесниците ги запознаа и совладаа вештините на аплицирање на кофердам како средство за обезбедување на апсолутно суво работно поле, трепанација, екстирпација, обработка на коренските канали и одредување на работната должина (апекс локатор).