Во рамките на Втората летна школа за студенти по стоматологија/дентална медицина и млади доктори по дентална медицина, се одржа работилница со наслов: ,,Принципи на екстракција со сепарација на повеќекорени заби (атипични екстракции)”. Раководител на работилницата беше доц. д-р Гордана Апостолова од Катедрата за орална хирургија.
Во практичниот дел од работилницата, учесниците имаа модел (екстрахиран заб, соодветно обработен и дезинфициран, фиксиран во калап од оптозил) на кој ја изведоа екстракцијата со помош на наведените инструменти. Фрактурираните повеќекорени заби беа сепарирани со помош на микромотор. Сепарираните корени беа поединечно екстрахирани со помош на клешти или полуги.