Работилница: ,,Препарација на имплантно лежиште: хируршки принципи” – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

👉На 3.12.2021 година, проф. д-р Марија Пеева – Петреска, проф. д-р Едвард Јанев и проф. д-р Даниела Велеска – Стевковска од Катедрата за имплантологија одржаа работилница со наслов: ,,Препарација на имплантно лежиште: хируршки принципи”.

👉Работилницата беше составена од теоретски и практичен дел, во кои беа детално објаснети хируршките принципи на препарација на имплантното лежиште од аспект на превенција на прегревање на коската, внатрешно и надворешно ладење, апликација на дозволен притисок, брзина на ротации во минута при машинската препарација, како и карактеристиките на препарација, при постоење на различни типови на коскена густина.

👉Етапите на препарација и редоследот на дриловите од имплантолошкиот сет беа и практично изведени од страна на учесниците, на соодветни модели кои го имитираат реалното хируршко поле. За потребите на работилницата беа обезбедени имплантолошки сетови и модели, на кои се вршеше препарацијата на имплантото лежиште, респектирајќи ги сите хируршки принципи.