Денес, 9.5.2022, во просториите на Стоматолошкиот факултет се одржа работен состанок на деканот на факултетот, проф. д-р Ќиро Ивановски и Претседателот на ЗА НАС – Здружение на мед.сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри , м-р Гордана Бешлиоска и нејзините соработници како и раководителот на центарот за кариера на Стоматолошкиот факултет, проф.д-р Кристина Митиќ.
На состанокот се дискутираше за досегашната успешна соработка помеѓу здружениото и Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје. Акцентот беше ставен на стоматолошките сестри, нивниот статус и нивната препознаеност во здравствениот систем на нашата држава. Констатирано беше дека овој здравствен кадар е дефицитарен, бидејќи со години во средните медицински училишта нема наставни програми за образување на стоматолошки сестри.
Од страна на претседателката г-ѓа Бешлиоска беше поздравена активноста на Центарот за кариера на Стоматолошкиот факултет – Скопје за континуираната едукација на стручните стоматолшки сестри-орални хигенолози, а деканот проф. д-р Ивановски ги подржа активностите кои ги презема здружението ,,За нас”. Беа договорени идните заеднички активности, помеѓу Здружението и Факултетот.