Промоција на дипломирани студенти на Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Во годината во која Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје одбележува 65 години постоење, денес беше промовирана последната генерација на дипломирани доктори по дентална медицина и последната генерација стучни забни техничари и стручни стоматолошки сестри-орални хигиенолози.

Дипломите беа доделени од страна на деканката проф. д-р Соња Апостолска. На настанот присустуваше и наставниот кадар на Факултетот.