По повод патрониот празник на СМУГС “Д-р Панче Караѓозов”/ SHMMQSH”D-r Pançe Karagjozov” и Светскиот ден на здравјето, 7ми април, во просториите на училиштето беа одржани активности со цел негова промоција и претставување на здравствените насоки и наставните програми пред полуматурантите.
За полуматурантите кои беа заинтересирани за насоката забни техничари, но и за средношколците од истата насока, презентација одржа проф. д-р Емилија Бајрактарова Ваљакова од Стоматолошки факултет – Скопје при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје , која првите чекори во здравствената струка ги има направено токму во ова училиште. Во својата презентација ,,Улогата на забниот техничар во дигитализираната стоматологија во 21. век”, проф. Бајрактарова Ваљакова се осврна на историскиот развој на протетиката, материјалите и технологиите за изработка на протетички и ортодонтски помагала, како и на актуелната заботехничка пракса со презентација на најсовремените технологии. Притоа, посебно беше потенцирана и соработката помеѓу СМУГС ,,Д-р Панче Караѓозов” и Стоматолошкиот факултет – Скопје.