Промедика ДООЕЛ Скопје додели ваучери за финансиска поддршка на најдобро дипломирани студенти во учебната 2021/2022 година- Центар за кариера – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Центарот на кариера на Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, согласно склучениот меморандум за соработка со Друштво за трговија, производство и услуги ПРОМЕДИКА ДООЕЛ Скопје, додели ваучери за финансиската поддршка на најдобро дипломираните студенти на Факултетот кои дипломирале во учебната 2021/22 година.

Најдобро дипломирани студенти на Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје во учебната 2021/22 година, од студиската програма за доктори по дентална медицина се: д-р Христина Љокова и д-р Дијана Пејовска, додека Викторија Волчева е најдобро дипломиран студент од студиската програма за стручни забни техничари.

Двата најдобро дипломирани студенти од студиската програма за доктори по дентална медицина, добија ваучер од Друштво за трговија, производство и услуги ПРОМЕДИКА ДООЕЛ Скопје со 50% попуст за набавка на опрема од давателот на финансиската поддршка за отворање на сопствена здравствена установа, додека пак најдобро дипломираниот студент од студиската програма за стручни забни техничари доби ваучер со 30% попуст за набавка на заботехнички материјали. Издадените ваучери имаат важност од 3 години, сметано од денот на доделувањето.