На 12.11.2021 година, со почеток од 11 часот, д-р Даниел С. Ох одржа своето предавање со наслов: ,,Innovative Synthetic Bone Graft”.
За потребите на образовната и научно-истражувачката дејност на Факултетот, компанијата Osteogene Tech, чиј претставник е проф. Ох, донираше иновативни синтетички коскени графтови.
Предавањето се одржa на хибриден начин односно учесниците го следеа со физичко присуство во амфитеатарот на Стоматолошкиот факултет – Скопје и преку платформата Zoom.
Д-р Даниел С. Ох е професор на Катедрата и Институтот за истражување на денталните биоматеријали и биоинженеринг при Универзитетот Yonsei, во Сеул, Кореа. Д-р Ох, исто така е и VP/Chief Science Officer на OsteoGene Tech и OsteoGene Bio.
Биографијата на Д-р Даниел С. Ох можете да ја погледнете тука.