Превентивни прегледи за орален карцином – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Април е месец за подигнување на свеста за оралниот карцином.

Дали направивте превентивен преглед?

Почнувајќи од овој месец, Стоматолошки факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје започнува со спроведување на превентивни прегледи за орален карцином, со цел рана детекција на сите промени кои доведуваат до појава на рак на усната празнина.

Доколку имате над 40 години, редовно консумирате цигари и алкохол , често сте изложени на сонце или пак имате ранички/промени во устата кои се присутни повеќе од две недели, Ви препорачуваме да закажете бесплатен преглед.

Секој работен ден, во периодот од 09:00 – 14:00ч. можете да ги оставите Вашите податоци на телефонскиот број 075-411-830, за потоа да бидете повикани на превентивен преглед.