Почитувани колеги запишани во прва година на Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје,
Ве известуваме дека првиот академски час, за цела генерација студенти запишани во академската 2021/22 година ќе се одржи on-line, на 1. октомври (петок), со почеток во 10:00 часот на платформата Microsoft Teams, на кој свое обраќање ќе има деканот на Стоматолошкиот факултет – Скопје, проф. д-р Ќиро Ивановски.
На студентите ќе им се обрати и претседателот на Факултетското студентско собрание на Стоматолошкиот факултет – Скопје, Мартина Анастасовска.
По завршувањето на првиот академски час, ќе се одржат координативни средби за секоја студиска програма одделно. Имено, на студентите запишани во прва година на студиската програма за доктори по дентална медицина ќе им се обрати проф. д-р Ќиро Ивановски, како нивен координатор.
Свое обраќање ќе имаат и раководителите на студиските програми, проф. д-р Билјана Капушевска, раководител на студиската програма за стручни забни техничари, проф. д-р Златко Георгиев, раководител на студиската програма за стручни стоматолошки сестри – орални хигиенолози.
За сите студенти се креирани кориснички адреси кои се поврзани со приватните е-адреси доставени при уписот. Пред почетокот на академскиот час е потребно да се најавите со новите кориснички адреси. Во случај на технички проблем обратете се на следниот e-mail: z.derivolski@stomfak.ukim.edu.mk
Наставата, согласно студентскиот календар, ќе започне од 4.10.2021 година.