Прашалник за системот со студентски сервиси iKnow – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Почитувани студенти,

Достапна е анкета која има за цел да даде анализа за постоечката состојба и функционалност на iKnow системот, капацитетите на единиците (технички и човечки) за негово користење и потребите за нови функционалности, апликации и системи кои што интегрирано треба да функционираат со iKnow системот.

Анкетата е анонимна. Евиденцијата на вашите одговори на прашалникот не содржат никакви информации преку кои може да бидете идентификувани, освен ако не е експлицитно поставено такво прашање.

Крајниот рок за спроведување на анкетата е 6.4.2021 година.

Линк за пристап до прашалникот: https://poll.engineer.org.mk/