Практична настава по предметот Максилофацијална хирургија – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Дел од практичната настава по предметот Максилофацијална хирургија за студенти од студиската програма од интегрирани студии од прв и втор циклус за доктори по дентална медицина.
Студентите беа запознаени со хируршкиот сет за сутура, видовите на сутури, различните видови на конци и материјали за сутура и идикациите за употреба на истите.
Преку практичната работа студентите се здобија со базични знаења и техники за поставување на различни видови сутури.