Практична настава по предметот Имплантологија – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Дел од практичната настава по предметот Имплантологија за студенти од студиската програма од интегрирани студии од прв и втор циклус за доктори по дентална медицина.

Имплантологија е задолжителен предмет со постоечката студиска програма. Преку практичната настава, студентите се здобиваат со базични знаења за современите аспекти на денталната имплантологија (хируршки принципи на имплантација, протетски супраструктури и знаења за одржувањето на здравјето на околните ткива околу имплантите).