Почитувани специјализанти,
Ве замолуваме да се придржувате до роковите и динамиката на плаќање на ратите за специјализација утврдени во договорите и анексот на договорите.
Имено, специјализантите запишани на Конкурсот од 2019 година е потребно шестата рата да ја уплатат најдоцна до 10.3.2022 година.
Специјализантите запишани на Конкурсот од 2019 година а кои ја промениле гранката на специјализацијата е потребно четвртата рата по промената да ја уплата најдоцна 2 години по извршената промена (за поголемиот број специјализанти, датумот е 16.1.2022 година или 14.2.2022).
Со почит,
Стручна и административна служба на Стоматолошки факултет – Скопје