Посета на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Денес, во пресрет на одбележување на Светскиот ден на Здравјето, Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Стоматолошки факултет – Скопје, во соработка со ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, организираше стоматолошки прегледи на пациентите кои се лекуваат во хописот за палијативна грижа ,,Сју Рајдер” – Скопје.

Во рамки на посетата, деканот проф. д-р Ќиро Ивановски и виш. науч. сор. Соња Миндова, од Катедрата за болести на устата и пародонтот, при Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Стоматолошки факултет – Скопје, заедно со студенти од завршната година од додипломските студии, спроведоа преглед на пациентите, кај кои беа детектирани орални лезии, како последица на одредени системски заболувања. Покрај прегледот, се дискутираше и за начинот на згрижување на овие лезии, со цел олеснување на секојдневието на овие пациенти.