Денес, Стоматолошкиот факултет – Скопје го посетија учениците од Curt Nicolin Gymnasiet од Finspang, Sweden.

Учениците имаа можност да го осознаат процесот на студирање на Факултетот, студиските програми кои се изведуваат и да ги посетат лабораториите и клиничките сали за практична настава.

На денешната средба, учениците ги поздрави проф. д-р Сања Панчевска, продекан за настава на Стоматолошкиот факултет – Скопје. Проф. д-р Емилија Бајрактарова Ваљакова ги презентираше наставните програми и активностите на Факултетот и можностите за студирање на нашиот Факултет.