Центар за кариера, Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје
Посета на учениците од средното медицинско училиште ОСМУ ,, Д-р Јован Калаузи’’ Битола, од трета година, насока забен техничар, на Стоматолошкиот факултет – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје и запознавање со студиските програми, начинот на студирање и можностите за понатамошно професионално усовршување.
Средношколците имаа можност да ги разгледаат заботехничките и претклиничките лаборатории, како и клиничките сали за изведување на практичната настава.
Проф. д-р Емилија Бајрактарова Ваљакова, раководител на програмата за стручни забни техничари одржа и предавање за различните типови на реставрации и најновите технологии CAD/CAM и 3D печатење на реставрации, модели, лажици, ткива и органи, и можностите за соодветна примена на овие технологии.