Посета на Стоматолошкиот факултет од средното медицинско училиште на град Скопје д-р Панче Караѓозов и училиштето Curt Nicolin Gymnasiet од Шведска – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Учениците од средното медицинско училиште на град Скопје д-р Панче Караѓозов и училиштето Curt Nicolin Gymnasiet од градот Finspång во Шведска, денес имаа можност со проф. д-р Кристина Митиќ да го посетат Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитет ,,Св.Кирил и Методиј‘’ во Скопје и да се запознаат со просторните и техничките можности на истиот. Посетата беше организирана и реализирана во рамките на програмата Еразмус+.