Помош за пополнување на електронска пријава за упис на Стоматолошки факултет – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Почитувани идни колеги,

Со цел да Ви помогнеме правилно да ја пополните електронската пријава од IKnow системот со која се пријавувате за запишување на прв циклус на студии на студиските програми на Стоматолошкиот факултет и да одговориме на сите Ваши прашања поврзани со уписот, Ве известуваме дека на 30.8.2021 година во период од 10 до 12 часот, на платформата ZOOM ќе можете да поразговарате со вработените во службата за студентски прашања.

Доколку не сте во можност да присуствувате на on-line настанот, информации може да добиете со физичко присуство, секој работен ден во период од 10 до 14 часот.

👉Податоци за приклучување: https://zoom.us/j/99193964281…

Meeting ID: 991 9396 4281

Passcode: 717418