Центарот за кариера на Стоматолошкиот факултет – Скопје ги поканува кандидатите кои имаат дипломирано на студиската програма за стручни стоматолошки сестри – орални хигиенолози на Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје да учествуваат на серијата работилници со наслов ,,Ултразвучно отстранување на цврсти и меки наслојки на забите, залевање на фисури и јамички и егзогена флуор профилакса“
Учеството на работилниците е БЕСПЛАТНО.
Работилниците ќе се одржуваат секој понеделник и вторник во месец мај (9.5.2022, 10.5.2022, 16.5.2022, 17.5.2022, 23.5.2022, 24.5.2022 и 30.5.2022 и 31.5.2022 година) со почеток од 16 часот. Учесниците е потребно да присуствуваат во сите предвидени термини.
Линк за пријавување: https://forms.office.com/r/JmNVEZn5fE
За дополнителни информации може да обратите на раководителот на Центарот за кариера на Стоматолошкиот факултет – Скопје, проф. д-р Кристина Митиќ, на следниот e-mail: kmitik@stomfak.ukim.edu.mk