Претседателскиот центар за политичко образование објави повик за учесници на Школата за политики за 2022 година.
Школата за политики за 2022 година при Претседателскиот центар за политичко образование ќе биде организирана во духот на демократските политички вредности, промоцијата и заштитата на човековите права и слободи, политичкиот плурализам, меѓусебната толеранција, заедништвото и солидарноста. Во таа насока, Школата ќе настојува да ги поврзе учесниците со различно професионално искуство, кои имаат желба со своите знаења и вештини да придонесат за позитивен развој на општеството, во рамки на пет едукативни семинари со еминентни предавачи и обучувачи од државата и од странство. Школата ќе се одржи во периодот од март до ноември 2022 година, за време на викендите. Присуството на сите пет едукативни семинари е задолжително. Учесниците кои ќе ја завршат Школата ќе се стекнат со сертификат.
Целосната апликација треба да се испрати најдоцна до 22 февруари 2022 година на l.matevska@president.mk.
Повеќе информации за повикот за Школата за политики, вклучувајќи ги условите за учество и потребните документи за апликација можете да најдете на следниот линк.
Во прилог:
Пријавата за учество, како и документ со често поставувани прашања на македонски
Пријавата за учество, како и документ со често поставувани прашања на англиски.
Пријавата за учество, како и документ со често поставувани прашања на албански јазик.