Овие повици се отворени преку проектот МладиХаб чија цел е да придонесе кон професионален развој и економска независност на младите преку одржлив систем за градење вештини и компетенции прилагодени на потребите на пазарот на труд. Оваа цел проектот ќе ја постигне преку три компоненти, и тоа:
- Градење практични вештини кај младите што ќе им помогнат да најдат соодветно работно место;
- Креирање можности за поврзување на младите со работодавачите и
- Обезбедување поддршка за млади за вклучување на пазарот на труд и можности за нивен личен и професионален развој.
Проектот „МладиХаб – градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување за младите” го спроведуваат Националниот младински совет на Македонија и Младинската група. Проектот е финансиран од Британската амбасада во Скопје и поддржан од Претседателот на Република Северна Македонија.
Во склоп на првата компонента на проектот ќе се реализира практикантска програма преку која ќе обезбедиме надоместок за практикантот како и фирма/граѓанска организација во која ќе се одвива практикантството. Преку програмата е планирано да се опфатат 100 млади лица на возраст од 16 до 29 години. Целиот повик е достапен на следниот линк, а пријавата може да се пополни тука.
2. Повик за правни субјекти за вклучување во практиканска програма
Со цел да се опфатат 100 млади лица кои ќе бидат дел од практикантската програма, отворивме и повик за правни субјекти кои се заинтересирани во своите канцеларии да примат практикант/и. Затоа, ве охрабруваме да аплицирате и вие, по што веднаш штом мапираме соодветен практикант кој ќе одговара на вашите потреби и област во која делувате, ќе ве контактираме за да ве поврземе и да започне практикантството. Целиот повик може да го прочитате на следниот линк, а доколку сте заинтересирани, може да аплицирате преку овој линк.
Со почит,
Tимот на НМСМ