Отворен повик за доделување 40 стипендии од фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Ве информираме дека на веб страницата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е објавен Отворен повик за доделување 40 (четириесет) стипендии за студенти кои ќе се запишат на прв циклус студии на факултетите во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во учебната 2024/2025 година.

Повеќе информации за аплицирање и за потребната документација се достапни на следниот линк: https://macedonia2025.com/otvoren-povik-za-dodeluvanje-40-stipendii-studenti/  и на веб страната  на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје https://www.ukim.edu.mk/mk_vest.php?v_id=530