Отворен ден на УКИМ – Стоматолошки факултет – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Драги матуранти, наши идни студенти!
‼️ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје, на 📅19 август 2022 во 🕙10-12 часот и 🕛12-14 часот, со физичко присуство на секој од факултетите.
📌 Ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера.
👩‍🏫👨‍🏫 Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сè што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности.
🏛 Прошетајте низ факултетите на УКИМ, запознајте се со нивните физички капацитети, предавални, лаборатории…
👩‍🎓👨‍🎓 Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја!
Учете од најдобрите, студирајте на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје!
Се гледаме на 19 август 🤗