Остварен престој на проф. д-р Даниела Велеска Стевковска на Стоматолошкиот факултет во Софија – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Во периодот од 25-28.05.2021 година, во рамките на Erasmus+ EU programme for education, training and teaching, проф. д-р Даниела Велеска – Стевковска оствари престој на Стоматолошкиот факултет при Медицинскиот универзитет во Софија, Бугарија.

Во рамките на посетата беше остварена и средба со деканатската управа при Софискиот факултет, запознавање со структурната и организационата поставеност на наставните бази и студиските програми. Исто така, беа остварени средби и со професорите од различни катедри на факултетот, се со цел да се воспостави и продлабочи соработката во заедничките области на интерес.

Во тек на посетата, од страна на факултетот-домаќин беше организирана и посета на Музејот на филогенетскиот развој на мастикаторниот апарат и историскиот развој на стоматолошката дисциплина, сместен во просториите на зградата на Факултетот, како и посета и запознавање со структурната и организационата опременост на современиот Центар за континуирана академска едукација од различни области на стоматолошките дисциплини.

Во рамките на Еразмус програмата, проф. д-р Даниела Велеска – Стевковска оствари и online предавање наменето за студентите од студиите за доктори на стоматологија на англиски јазик, на кое присуствуваше и дел од наставниот кадар, од областа на регенеративната стоматологија и автологните крвни деривати-втора генерација на тромбоцитно богат фибрин.