Главната цел, која ја го оправдува воведувањето на втор циклус на стручни студии е: стручните забни техничари да можат за краток временски период, во Универзитетски стоматолошки клинички центар, во современо опремени лаборатории практично, да се усовршат за изработка на најсовремените забнопротетички изработки.
Вториот циклус на стручни студии по стоматологија ќе се се реализира во текот на едногодишен курикулум (2 семестри) со вкупен број на 60 кредити. Наставата по сите предметни програми ќе се изведува преку теоретска, практична настава, семинари и самостојна истражувачка работа. Студиската програма е конципирана во согласност со европскиот систем на пренесување на бодови.
Со целосно завршување на обврските во текот на студирањето, посетување на настава, полагање на испити и одбрана на стручен труд , студентот стекнува 60 кредити.
Стоматолошкиот факултет – Скопје, својата високообразовна дејност ја врши во рамки на просторот со кој самостојно располага, но пред се на своите две наставни бази и тоа на: Јавната здравствена установа Универзитетски стоматолошки клинички центар ,,Св. Пантелејмон,, Скопје и Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за максилофацијална хирургија Скопје.
Во студиската програма се предвидени два модули:
Модул А, кој припаѓа на научната област стоматолошка протетика и
Модул Б, кој припаѓа на научната област ортодонција.
Двата модули во првиот семестар имаат исти предмети, вкупно 5. Со положување на овие 5 предмети студентите во првиот семестар освојуваат вкупно 30 ЕКТС. Во вториот семестар студентите избираат еден од двата изборни модули. Изборните модули се поврзани со научната област протетика или ортодонција. Во секој од модулите студентите имаат 3 задолжителни предмети, со чие положување освојуваат вкупно 15 ЕКТС. Четвртиот предмет во вториот семестар студентот го бира од три понудени предмети и со негово положување освојува 5 ЕКТС. Во склоп на задолжителните и изборните предмети, кои се тесно поврзани со протетиката и ортодонцијата, студентите имаат и практична обука, во облик на вежби, демонстрација на различни случаи како и студиска истражувачка работа. Останатите 10 ЕКТС, студентите ги освојуваат со изработка и одбрана на завршниот стручен специјалистички труд. Овој труд, јавно го бранат по положување на сите предмети. Вториот циклус на стручни специјалистички студии за забни техничари, се завршува со изработка и одбрана на стручен специјалистички труд. Стручниот труд претставува самостојна работа на студентот, изработен со користење на научна методологија. Според структурата сличен е со магистерскиот труд, но за разлика од магистерскиот труд, стучниот труд не мора да има научен придонес. Треба да биде напишан на не помалку од 30 и не повеќе од 70 страни, А4 формат, со големина на букви 11.
Студентот по завршување на студиите Во зависност од модулот кој ќе го избере студентот по завршување на студиите се стекува со стручен назив:
Специјалист за стоматолошки протетички помагала (Specialist for dental prosthetics devices) или
Специјалист за стоматолошки ортодонтски помагала (Specialist for dental orthodontics device).
Преглед на структурата на студиската програма