На 14.4.2022 година се одржа работилница на тема “Основни принципи на прва помош при ургентни состојби” , во организација на Црвен крст на град Скопје и Стоматолошкиот факултет Скопје при УКИМ.
Студентите кои учествуваа на работилницата имаа можност да се запознаат со техниките на пружање на прва помош на местото на несреќата и истите практично да ги извежбаат.
Работилницата ќе се одржи уште во два термини по 20 студенти од 4та, 5та и 6та година од студиската програма за доктори по дентална медицина и сите три години од студиската програма стручни стоматолошки сестри, за кои може да се пријавите на следниот линк: https://docs.google.com/spreadsheets/d/1oYCRCL2YrNYIvfEi7c4wE8bN4SsO5rtq4udmXf_6-8s/edit?usp=sharingж