Одржана работилница во ООУ Гоце Делчев за правилно одржување на орална хигиена и правилна исхрана – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

👉Денеска, Катедрата за детска и превентивна стоматологија при Стоматолошкиот факултет – Скопје го посети општинското основно училиште Гоце Делчев, каде наставниот кадар и специјализантите реализираа работилница за правилно одржување на орална хигиена и правилна исхрана.

🤝Реализирањето на работилниците е во рамки на Меморандумот за соработка со Општина Центар, а дечињата добија подароци од нашиот партнер Интердентал ДООЕЛ Скопје.