Едукација за примена на базичните критериуми за ултразвучна инструментација и отстранување на цврсти и меки наслојки на забите – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Во рамки на серијалот работилници организирани од Центарот за кариера на Стоматолошкиот факултет – Скопје, наменета за стручни стоматолошки сестри – орални хигиенолози, се одржа едукација за примена на базичните критериуми за ултразвучна инструментација и отстранување на цврсти и меки наслојки на забите.

Од страна на раководителот на работилницата проф. д-р Кристина Митиќ беа демонстрирани техниките за примена на ултразвучна инструментација а учесниците на работилницата имаа можност стекнатите вештини да ги применат на дентални симулациони модели.