Во рамки на серијалот работилници организирани од Центарот за кариера на Стоматолошкиот факултет – Скопје, наменета за стручни стоматолошки сестри – орални хигиенолози, се одржа едукација за залевање на фисури и јамички.
Од страна на раководителот на работилницата проф. д-р Мери Павлевска беа демонстрирани техниките за залевање на фисури и јамички за превенција на денталниот кариес а учесниците на работилницата имаа можност стекнатите вештини да ги применат на модели.