Проектот кој што го пријави студентката Мартина Анастасовска од Стоматолошкиот факултет, а ќе го работи со уште тројца студенти од Медицинскиот и Фармацевтскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје со наслов ,,Плунката како неинвазивен дијагностички биофлуид за идентификација на индивидуи со зголемен ризик за метаболички синдром и кардиоваскуларни заболувања’’ е одобрен од страна на INNO-SAE 2020.
Проектот ќе биде реализиран во биохемиската лабораторија на Центарот за научно-истражувачка работа на Стоматолошкиот факултет – Скопје.
Innovations in Smart Anything Everywhere – INNO-SAE 2020 е заедничка иницијатива на Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ и Универзитетското студентско собрание при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје насочена кон стимулирање на иновативниот капацитет на студентите. Идејата е да се стимулираат студентите да работат на иновативни идеи кои можат да се развијат во прототип и, истовремено, да се развиваат нивните претприемнички вештини.