Почетоците на научно-истражувачката дејност во областа на стоматологијата датираат многу одамна, т.е. од крајот на 40-тите години на минатиот век, кога кадрите на тогашната Клиника за усни, забни и вилични заболувања, при Медицинскиот факултет, ги презентираат првите стручно-научни трудови на симпозиуми, семинари и конгреси.
Првите научно-стручни статии од областа на стоматологијата се објавени најпрвово Македонскиот медицински преглед, а потоа и во Годишниот зборник на Медицинскиот факултет. Со отворањето на Стоматолошкиот оддел при Медицинскиот факултет во 1950 год., започнува самостојниот развој на научната мисла во оваа сфера и воедно расте и се развива интересот на докторите по стоматологија за научно-истражувачка дејност.
На научно-истражувачки план, идеите и првичните резултати кадрите на стоматологија ги реализираат преку бројни и сеопфатни истражувања кои резултираа низ годините во голем број на одбранети хабилитациони трудови, магистерски трудови и докторски дисертации.
Денес, научно-истражувачката дејност на Стоматолошкиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, се остварува наседумте катедри, но, исто така, има плодна сосоработка и со други катедри од Медицинскиот, Природно-математичкиот, Технолошкиот и други факултети и научно-истражувачки институции.
Интересот на докторите по стоматологија за научно-истражувачка дејност последниве години е во постојан подем, а тоа резултираше во повеќе реализирани научно-истражувачки проекти и епидемиолошки студии од кои некои имаат и национална важност. Поточно,во последната декада се реализирани 9 проекти, два се во тек на изработка, финансирани од УКИМ, но и од други институции.
Дека навистина интересот на кадрите на Стоматолшкиот факултет во Скопје за научно истражување е во перманентен подем се потврдува и преку доделените награди од страна на УКИМ, во 2014 год., за најдобар научник на годината на проф. д-р Билјана Капушевска од Катедрата за протетика и на научниот соработник Весна Амбаркова од Катедрата за детска и превентивна стоматологија.
Со цел да се поттикне натамошниот развој на кадрите на Стоматолошкиот факултет во Скопје за научно-истражувачка дејност, што ќе има апликативен придонес во секојдневната клиничка практика, како и со цел да се подигне квалитетот на забоздравствената заштитаи квалитетот на наставно-образовната практична работа, со новиот Статут на Стоматолошкиот факултет, од октомври 2019 год,. на Стоматолошкиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, е предвидено формирање на Центар за научно-истражувачка работа со лаборатории.
Центарот претставува организацискаединица која спроведува научно-истражувачка и високостручна стоматолошка дејност од повеќе области од стоматологијата.Истражувачката дејност на кадрите ангажирани во овој Центар, како и неопходно потребната апаратура и материјали ќе бидат обезбедени и финансирани од страна на Факултетот. Годинава веќе започна опремувањето на лабораториите во рамките наЦентарот за научно-истражувачка работа со современи апарати и инструменти. Тоа е предуслов за младите кадри – магистранти, докторанди и специјализанти да можат да ги остварат своите идеи и цели за научно истражување.Во своите истражувања кадрите на Стоматолошкиот факултет строго ги почитуваат етичките принципи за работа при биомедицински и стоматолошки истражувања, а Етичката комисија за медицинско – стоматолошки истражувања, дава мислење за етичка прифатливост на истражувањата.
Стоматолошкиот факултет во Скопје прави напори и за добивање на меѓународни проекти кои ќе бидат финасирани од европските фондови, со што би се отвориле бројни можности за раст и развој на стоматологијата во Република Северна Македонија, во различни области и сфери.