Потпишан Меморандум за соработка со Стоматолошкиот факултет при Медицинскиот универзитет во Тирана – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Деканот на Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, проф. д-р Ќиро Ивановски и деканката на Стоматолошкиот факултет при Медицинскиот универзитет во Тирана, проф. д-р Едит Џајанка, потпишаа меморандум за заедничка соработка помеѓу двата Факултета.

Со овој меморандум се отвора можност за соработка помеѓу студентите и наставниот кадар од двата факултети во полето на наставната и научно-истражувачката дејност.