Меморандум за соработка со Општина Сопиште – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Стоматолошкиот факултет – Скопје и Општина Сопиште потпишаа меморандум за соработка Деканот на Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје, проф. д-р Ќиро Ивановски и градоначалникот на Општина Сопиште, м-р Стефче Трковски, потпишаа меморандум за соработка.
Со меморандумот се предвидени реализирање на заеднички активности со цел унапредување на оралното здравје кај:
-Деца од предучилишна и училишна возраст;
-Лица кои потекнуваат од семејства со социјален ризик;
-Лица корисници на пензија;
Целта на заедничката соработка е подигнување на свеста и поттикнување на семејствата и заедницата за преземање мерки за превенција на оралните заболувања како и намалување на штетните последици кои ги предизвикуваат истите.
Активностите ќе започнат со почетокот на учебната 2023/2024 година.