Цели и намена
Македонскиот стоматолошки преглед (анг. Macedonian dental review) како водечко, непрофитно, научно меѓународно и официјално списание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје Стоматолошки факултет Скопје и Македонското стоматолошко друштво (МСД), пружа релевантни информации од сите гранки на стоматологијата и максилофацијалната хириргија, коишто се во непосредна врска со оралното здравје и оралните заболувања. Со цел задржување на вака високо поставените стандарди, сите пријавени ракописи претходно се разгледуваат од страна на докажани стручњаци или искусни клиничари од различни области на стоматологијата. Секој ракопис треба да исполни одредени критериуми, во спротивно несоодветно приготвените ракописи се враќаат на авторот-ите.
Издавач
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје Стоматолошки факултет Скопје и Македонско стоматолошко друштво (МСД) Скопје
ул. Мајка Тереза бр. 43
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Упатство до авторите
Македонскиот стоматолошки преглед објавува трудови од областа на стоматологијата и максилофацијалната хирургија. Ракописите може да се пријавуваат во форма на сопствени погледи, оригинални или ревијални трудови, опис на клинички случаи, потоа терапевтски препораки, посебни трудови и писма до уредникот.
Ракописите треба да се подготвени според ова упатство на авторите, коешто е во склад со општите барања за ракописи, прифатени од биомедицинските издавачи, односно во склад со барањата од Медицинскиот комитет за медицински списанија (http://www.icmje.org). Трудовите коишто не се сообразени со меѓународните стандарди не се земаат во разгледување.
Ракописите може да се поднесуваат и директно до издавачот за издавање во електронска форма на следнава адреса: msp@stomfak.ukim.edu.mk
Поднесените ракописи треба да бидат оригинални и да не се претходно делумно или целосно објавени. Сите доставени фотографии треба да се оригинални. Фотографиите земени од други публикации треба да се со дозвола за преземање од соодветниот издавач. Кога ракописот е прифатен за печатење авторот-ите ги пренесуваат сите свои авторски права ги пренесуваат на издавачот на Македонскиот стоматолошки преглед. МСП се придржува до принципите на Декларацијата од Хелсинки и се согласува сите испитувања коишто се однесуваат на хуманата популација се во врска со овие принципи. МСП се придржува, исто така и до меѓународните принципи за биомедицинските истажувања, коишто се изведуваат врз експериментални животни, а се во склад со упатствата на СЗО за испитувања изведени врз животни. Ако е неопходно авторите треба да докажат дека имаат и дозвола од Етички комитет и дека пациентите опфатени во студијата се запознаени со испитувањата. Авторите се обврзуваат да достават изјава дека немаат било какви финансиски обврски кон некоја организација, којашто била вклучена во испитувањето, преку пополнување на соодветен формулар. Кон ракописот треба да се приложи и писмена изјава потпишана од авторите дека немаат никаков етички конфликт или конфликт на интерес: долупотпишаните автори ги пренесуваат авторските права на издавачот и се согласуваат трудот да биде објавен во МСП. Авторите потврдуваат дека трудот е оригинален, дека не е поднесен за објавување во друго списание и дека ниту еден негов дел или целина не се објавувани. Авторите потврдуваат дека добиените резултати се оригинални и сопствени, добиени и проверени од самите автори, дека авторите лично учевствувале во изработката и составувањето на ракописот и дека се согласуваат со неговата содржина. Во случај трудот да е изведен врз хумана популација, авторите треба да потврдат дека ги имаат сите согласности од Етичките комитети и дека испитуваните пациенти се известени и согласни за спроведување на истражувањето. Авторите, исто, потврдуваат дека објавезните резултати во студијата се во согласност со Хелсиншката декларација и меѓународните принципи коишто се однесуваат на испитувањата изведени врз животни. Авторите го известуваат издавачкиот совет на МСП за непостоење на конфликт на интереси што би можеле да произлезат од одредени финансиски обврски со фармацевтски или биомедицински компании чиишто производи се користат во приложениот ракопис.”
Авторите се согласни нивниот труд претходно да биде рецензиран. Сите ракописи претходно се рецензираат од страна на членови на издавачкиот совет коишто го задржуваат правото истиот да го одбијат, ако не е соодветна неговата структура или не се испочитувани етичките норми. Доколку ракописот биде прифатен, следи негово печатење. Ако е потребно да се направат одредени корекции во ракописот, коригираната верзија треба да се испрати во on-line форма до издавачкиот совет, со јасно нагласени и обележани делови. Ревидираната верзија на ракописот треба да се испрати повторно до издавачкиот совет со пропратно писмо во кое се дадени одговори на рецензентските забелешки.
Корекциите на тврдењата треба да се ограничени пред да се пристапи кон печатење: за сите промени во текстот известени се авторите. Корекциите треба да се направат во рок од три работни денови и потоа да се испратат on-line до издавачкиот совет на МСП. Во случај на задоцнување, членовите на издавачкиот совет на списанието може да пристапат кон корекции на забелешките во самиот ракопис.
За понатамошни информации во врска со термините за печатење, ве молиме, контактирајте го уредувачкиот одбор на МСП на следната e-адреса: msp@stomfak.ukim.edu.mk
Видови ракописи и упатства за подготовка на најчесто пријавуваните ракописи во МСП
Преписки со уредништвото: овие преписки се упатуваат до главниот уредник или до помошникот на главниот уредник, а се однесуваат на одредени ставови и мислења на некој читател, каде тој изразува лични видувања за одредена проблематика. Овие преписки не се поголеми од 1000 зборови (три страници со двојно напишан текст) и не повеќе од 15 референци.
Оригинални трудови: овој вид на ракопис се однесува на оригинални сознанија до кои дошол авторот. Текстот на овие ракописи треба да содржи 3000 до 5500 зборови и да е изложен на 8 до 16 страници со двоен проред без референци, табели и слики. Не треба да се цитираат повеќе од 50 референци. Ракописот мора да биде составен од следниве делови: 1. Вовед, 2. Материјал и методи, 3. Резултати, 4. Дискусија и 5. Заклучоци.
Во воведниот дел целта на студијата треба да е јасно назначена. Во делот материјали и методи на логичен начин треба да се објасни како е спроведено испитувањето, како се анализирани податоците (која хипотеза е тестирана, каков вид на испитување е применето, како се појавите подредени, како се испитаниците одбрани и испитани, прецизно да се одредат сите детаљи во третманот, кои статистички методи и сл.). Во делот каде се наведуваат резултатите треба да се одговорат сите прашања што се наведени во воведниот дел. Добиените резултати треба да се изнесат потполно, јасно и концизно, па ако е потребно да се поткрепат со слики, графикони и табели. Во делот означен како дискусија се сумираат добиените резултати, критички се анализираат користените методи, се споредуваат добиените резултати со други објавени податоци и се дискутираат импликациите од добиените резултати. Заклучоците треба на кратко да го сумираат значењето на студијата и нејзините идни импликации.
Ревијални трудови: овој тип на ракописи треба да се во врска со одредена актуелна состојба на некоја појава, истата да се анализира од различен аспект и да е поткрепена со најновите литературни сознанија. Текстот на овој труд треба да има од 6000 до 12000 зборови (17 до 34 страници со двоен проред) не вклучувајќи ги референците, табелите и сликите. Во трудот не треба да се цитираат повеќе од 100 референци.
Приказ на случаи: овие трудови опишуваат интересни случаи од практиката. Текстот би требало да се состои од 2000 до 3000 зборови (6 до 8 страници текст со двоен проред) без референци, табели и слики. Бројот на референци не треба да изнесува повеќе од 30.
Терапевтски забелешки: намената на овој тип ракописи е приказ и процена на нови стоматолошки и хируршки методи на третман. Текстот би требало да е изнесен во 3000 до 5500 зборови (8 до 16 страници со двоен проред) без референци, табели или слики. Трудот не треба да користи повеќе од 30 референци. Трудот би требало да е составен од следниве делови: 1. Вовед, 2. Материјали и методи, 3. Резултати, 4. Дискусија, 5. Заклучоци.
Специјални трудови: овие трудови се однесуваат на историјата на стоматологијата, забоздравствената заштита, етиката, економските правила и законските прописи коишто се однесуваат на стоматологијата. Текстот би требало да е изнесен на 3000 до 7000 зборови (8 до 12 страници со двоен проред) без референци, табели сили слики. Не треба да се цитираат повеќе од 50 референци.
Писма за уредникот: овие писма се однесуваат на трудовите објавени во МСП, или пак, обработуваат одредена интересна појава, која побудува интерес кај авторите, коишто сакаат своите опсервации да им ги предочат на читателите. Писмата треба да се составени од 500 до 1000 зборови (1 до 3 страници со двоен проред) без референци, табели, слики. Не треба да се цитираат повеќе од 5 референци.
Упатства: ова се документи напишани од одредени стоматолошки здрузенија или авторитетни извори. Бројот на слики и табели треба да соодветсствува со содржината на упатството.
Подготовка на ракописите
Текст документ
Ракописите мора да се подготвени според типот каде се сврстуваат (преписки со уредништвото, оригинални ракописи, прегледи, приказ на случаи, терапевтски забелешки, специјални трудови, писма до уредникот).
Страниците на ракописот треба да се со текст со двоен проред со маргини од најмалку 2,5 см на хартија со формат (ISOA<sub>4</sub>). Прифатен формат на ракописот е Word. Содржината на текстот треба да има наслов, информации за авторот-ите, забелешки, апстракт, клучни зборови, текст, референци и именување на табелите и сликите. Табелите и сликите треба да се доставуваат на одделни страници.
Наслов на ракописот и информации за авторот-ите
• Скратена верзија на насловот, но без користење на кратенки на зборовите
• Име и презиме на авторот-ите
• Работно место на секој автор (оддел, институција, клиника)
Забелешки
• Дата на одржување на конгрес каде ракописот бил презентиран (ако бил претходно презентиран)
• Изјава од авторот дека нема финансиски обврски или судир на интереси
• Изјава за признание кон некоја компанија која го поддржала испитувањето изведено во ракописот (ако има таква компанија)
• Име, адреса или електронска адреса на авторот за кореспонденција
Апстракт и клучни зборови
Ракописот треба да има апстракт составен од 200 до 250 зборови. Кај оригиналните ракописи и терапевтските забелешки апстрактот треба да ги има следните делови: цел на трудот, методи (опис на експериментите, пациентите, интервенциите), резултати (што е откриено), заклучок (значење на трудот). Клучните зборови треба да се во врска со термините наведени во Medical Subject Heading (MeSH0 of MEDLINE/PubMed. Ракописите коишто припаѓаат во преписки со уредништвото или писма до уредникот не треба да имаат апстракт.
Текст на ракописот
Во ракописот треба да се идентификува методологијата на работа, опремата (да се наведе производителот, неговите податоци) на којашто е спроведено испитувањето, како и постапките на истржувањето да се опишат на начин, за да може некој друг заинтересиран истражувач да го повтори истото испитување.Треба да се специфицираат користените статистички методи, да се наведат и објаснат користените методи кои не се сеуште доволно објаснети, да се процени употребата и ограничувањето на користените методи.За лековите треба да се наведат нивните генерички имиња, дозите и постапките за нивна прескрипција. Заштитените имиња на лековите треба да се наведат во заграда. Единиците за мерки, симболите и кратенките треба да се изразуваат со меѓународни стандарди. Мерките за должина, височина, широчина треба да се изразуваат во метрички единици (метар, килограм, литар) или нивните соодветни помали единици. Температуртата треба да се изразува во степени по Целзиус. Крвниот притисок треба да биде изразен во милиметри живин столб. Сите клинички хемиски мерки треба да се прикажани во метрички единици, користејќи го интернационалниот систем за мерки (SI). Користењето на различни симболи и кратенки не е дозволено. Кога кратенка се користи за прв пат во текстот на ракописот, потоа понатаму таа се користи со истото значење.
Референци
Очекувано е сите цитирани референци да се прочитани од страна на авторот-ите. Референците мора да ги содржат само оние автори, коишто се цитирани во текстот на ракописот, нумерирани се со арапски цифри и се наредени консекутивно, онака како што се јавуваат во текстот. Библиографските единки во текстот се наведени со користење на суперскриптирани арапски броеви. Референците мора да се наведени во стандарден формат наведен според меѓународниот комитет на издавачите на медицински списанија (http://www.icmje.org).
СПИСАНИЈА
Секоја референца мора да го специфицира презимето на авторот и неговите иницијали на името (ако е нивниот број до шест или помалку се наведуваат сите автори, ако во трудот учествуваат седум или повеќе автори, тогаш се наведува само првиот, а другите се наведуваат како “СОСОР.”). Оригиналниот наслов на трудот, името на списанието (според кратенките коишто се користат во MEDLINE/PubMed), година на издавање, број на волуменот и бројот на првата и последната страница. При цитирање на референците, ве молиме, следете ги внимателно правилата на меѓународните стандарди.
На пример:
Стандардни трудови: Gugucevski Lj, Shaqiri Sh. The Role of Occlusal Splits in Temporomandibular Disorder Treatment. Apolonia 2011; 13 (15): 31-6.
Организација се јавува во својство на автор: International Committee of Medical Journal Editors. Uniform requirements for manuscripts submitted to biomedical journals. Ann Int Med 1988;108:258-65.
Додатоци од книги: Payne DK, Sullivan MD, Massie MJ. Women’s psychological reactions to breast cancer. Semin Oncol 1996;23(1 Suppl 2):89-97
КНИГИ И МОНОГРАФИИ
За периодичните публикации мора да се наведат имињата на авторите, насловот, едицијата, местото на издавање ,издавачот и годината на издавање.
На пример:
Книги од еден или повеќе автори: Guguvcevski Lj, Veleski D, Dejanoski K. Complete Denture Clinics, Skopje: Ein-Sof;2005.
Глава во книга: De Meester TR. Gastroesophageal reflux disease. In: Moody FG, Carey LC, Scott Jones R, Ketly KA, Nahrwold DL, Skinner DB, editors. Surgical treatment of digestive diseases. Chicago: Year Book Medical
Трудови презентирани на конгреси: Kimura J, Shibasaki H, editors. Recent advances in clinical neurophysiology. Proceedings of the 10<sup>th</sup> International Congress of EMG and Clinical Neurophysiology; 1995 Oct 15-19; Kyoto, Japan. Amsterdam: Elsevier; 1996.
Наслови на табели и слики
Насловите на табелите и сликите треба да ги има како во текстот, така и на самите табели и под соодветните слики.
Содржина на табелите
Секоја табела треба да се поднесе како одделна содржина. Прифатен формат на табелите е програмата Word. Секоја табела мора да биде коректно напишана, означена со римски бројки и означена со соодветен наслов. Забелешките треба да се означени на крајот од табелата, а не во нејзиниот наслов. Табелите треба да се реферирани во текстот по одреден редослед.
Содржина на слики
Секоја слика треба да се поднесе како одделна содржина прифатени формати се JPEG со резолуција 300dpi, други прифатени формати се TIFF, PNG, PDF (висок квалитет) и Word за графикони. Сликите треба да се означени со арапски броеви и означени со соодветен пропратен текст. Сликите треба да се подредени во текстот по одреден редослед.
Репродукциите треба се користат ограничено, значи само ако се навистина неопходни.
Фотографиите од хистолошки препарати треба да се јасно означени со процентот на зголемување и со означен метод на боење на препаратот.
Ако се сликите во боја, треба точно да се означи дали ќе останат во боја или може да бидат и во црно бела репродукција.
Оптималните димензии за печатење на сликите во списанието се:
• 7,2cm (широчина) 4,2cm (височина)
• 7,2cm (широчина) 9cm (височина)
• 15cm (широчина) 9cm (височина)
• 15cm (широчина) 18,5cm (височина): 1 страница
За објавување на трудови во МСП се наплаќа надоместок за издавање во висина од 2500 денара (40€) по прифаќање на трудот, на следната сметка: 300000001914234 Комерцијална банка АД Скопје.