На 09.06.2021 година, со почеток од 09:00 часот, во лабораторијата за претклиничка фиксна протетика на Стоматолошкиот факултет – Скопје, се одржa работилница на тема ,,Современи техники на презервација на постекстракциона алвеола, хоризонтална коскена аугментација (GBR, GTR) со акцент на флап дизајнот и техниките на сутурирање”.
Раководители на работилницата се: проф. д-р Марија Пеева Петреска, проф. д-р Даниела Велеска Стевковска и проф. д-р Едвард Јанев од Катедрата за имплантологија при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Стоматолошки факултет – Скопје