Курс на тема ,,Принципи за работа со PRF протокол според Dr. Choukroun. Најнови иновации – протоколи за S-PRF”. – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

👊 На 11.06.2021 година, со почеток од 10:00 часот, во Амфитеатарот и Биохемиската лабораторија на Стоматолошкиот факултет – Скопје, се одржа работилница на тема ,,Принципи за работа со PRF протокол според Dr. Choukroun. Најнови иновации – протоколи за S-PRF”.

👉 Раководители на работилницата се: проф. д-р Даниела Велеска Стевковска, проф. д-р Марија Пеева Петреска, проф. д-р Едвард Јанев и науч. сор. д-р Билјана Евросимовска од Катедрата за имплантологија при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Стоматолошки факултет – Скопје