Врз основа на 163 од Законот за високо образование (Сл. Весник на РМ. бр. 82/2018) член 20 од Правилникот за посебните услови и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања и демонстратори на универзитетот “ Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (Универзитетски гласник бр. 411/2018 и 426/2019), а во врска со Одлука донесена од Наставно-научниот совет на 32 седница одржана на 21.10.2020 година, деканот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје Стоматолошки факултет- Скопје распишува
КОНКУРС
за избор на демонстратори на Катердрата за болести на заби и ендодонт и Катедрата за стоматолошка протетика
Се распишува конкурс за избор на
- 1 (еден) демонстратор
на КАТЕДРАТА ЗА БОЛЕСТИ НА ЗАБИ И ЕНДОДОНТ - 2 (два) демонстратори
на КАТЕДРАТА ЗА СТОМАТОЛОШКА ПРОТЕТИКА
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови од член 163 од Законот за високото образование (Службен весник на Р.М. бр. 82/2018 ) и посебните услови од член 20 од Правилникот за посебни услови и постапка за избор во наставно- научни, научни, наставно стручни и сработнички звања и демонстратори на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј “ во Скопје (Универзитетски гласник бр. 411/2018 и 426/2019).
За демонстраторите може да биде избрано лице кое ги исполнува следниве услови:
- Да биде студент на Стоматолошкиот факултет – Скопје запишан на втор или трет циклус студии или на студиската програма за доктори по дентална медицина интегрирани студии и во тој случај треба да има отстварено најмалку 180 ЕКТС кредити.
Кон пријавата кандидатите треба да поднесат: кратка биографија CV, докази за исполнетост на општите и посебните услови (копија од индекс за втор или трет циклус, уверение за положени испити од прв циклус студии/втор циклус или уверение за положени испити за запишани на интегрирани студии).
Рокот за поднесување пријави е 5 дена од денот на објавување на конкурсот.
Факултетот и избраниот демонстратор ќе склучат договор со кој се уредуваат меѓусебните права и обврски. Пријавите и потребната документација се поднесува во архивата на Стоматолошки факултет во Скопје или на адреса ул. Мајка Тереза бр.43, Скопје.
Универзитет “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Стоматолошки факултет-Скопје
ДЕКАН
Проф. Д-р Ќиро Ивановски