Драги студенти,
Центарот за кариера на УКИМ во соработка со АСК ве покануваат на АРХИТЕКТОНСКИ факултет во среда, 30.11.2022 од 10.00- 12.00 на работилница која ќе ја водат кариерните советници Биљана и Изабела.
Биљана Велевска, Магистар по Европски менаџмент на Европа институт од Германија, од 2000 година е консултант и тренер за организациски развој и менаџмент со човечки ресурси, од 2001 и обучувач на обучувачи, од 2010 кариерен советник, а од 2011 обучувач на кариерни советници според меѓународната програма GCDF (Global Career Development Facilitator). Велевска од 2004 е сениор консултант за интерни компаниски проекти од областа на менаџментот и управувањето со човечки ресурси, како што се развој и воведување на системи за управување со учинок, планирање на човечките ресурси, екипирање, анализа и планирање на работни места, развој на описи на работни места, регрутирање и селекција на кадри, мотивирање, утврдување на потреби од обуки и развој, развивање на наставни програми, испорака на обуки, развој и воведување на системи за наградување, кариерен развој на вработени. Има обучено над 200 кариерни советници, и има над 500 часови индивидуални и групни советувања со млади и невработени лица. Биљана Велевска ги поседува и практично применува меѓународните сертификати за: – Советник и обучувач на советници за кариерен развој (Global Career Development Facilitator), – Мастер обучувач за Genos Emotional Inteligence, DISC Flow комуникациска алатка, Core Strengths) мотивациски вредносни ситеми, и – Сертификати Business Coach, KPI (Key Performance Management) практичар, NLP практичар.
Изабела Христовска, архитект, сертифициран советник за кариера според интернационалната методологија GCDF (Global Career Development Facilitator), тренер за работа со млади за развој на вештини за вработливост и основни животни вештини со Афлатоун методологијата, и личност која смета дека никогаш не е доцна за да се направи промена.
Кариерното советување ѝ помогна да сфати дека секогаш може да се креираат нови кариерни можности.
Во изминативе години работи со тимови и поединци и им пружа поддршка при процес на вработување, планирање на кариера и кариерни транзиции.