Интерен оглас за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на својата 282. седница одржана на 20.6.2023 година, донесе Одлука за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за студентите чие родителско право го врши само еден родител и ги утврди критериумите за остварување на ова право за учебната 2023/2024 година.

✅Линк: https://www.ukim.edu.mk/dokumen…/Odluka_ednoroditelski.pdf

Заинтересираните студенти можат своето право да го реализираат преку следниов Интерен оглас за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2023/2024 година.

✅Линк: https://www.ukim.edu.mk/dok…/Konkurs_za_ednoroditelski.pdf

Заинтересираните студенти ги доставуваат потребните документи на следната e-mail адреса: kis@stomfak.ukim.edu.mk