ИНАУГУРИРАН НОВИОТ РЕКТОР ПРОФ. Д-Р БИЉАНА АНГЕЛОВА – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје
ИНАУГУРИРАН НОВИОТ РЕКТОР ПРОФ. Д-Р БИЉАНА АНГЕЛОВА
На 15 септември 2023 г., се одржа инаугурацијата, односно свеченото стапување на должност на новоизбраниот ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје проф. д-р Биљана Ангелова.
Со примопредавањето на ректорските инсигнии од страна на досегашниот ректор на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски симболично беше предадена должноста ректор на најстариот и најголемиот универзитет во државата, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
На церемонијата присуствуваа г. Јетон Шаќири, министерот за образование и наука на Република Северна Македонија, поранешни ректори на УКИМ, ректори и претставници на универзитетите во РСМ, членови на Ректорската управа, Универзитетскиот сенат и на академската заедница на УКИМ, претставници на стопанските организации и на бизнис-секторот, професори, студенти, претставници на медиумите.
Линк до видеото:
https://www.youtube.com/watch?fbclid=IwAR0f_zItILC_rz-zIui9O4bds7aCRm_4fqvM_zwo7McQLSQJEzNyuJZVfSM&v=mVmfmom0NKw&feature=youtu.be