На 17.9.2024 со почеток во 09:00ч, во Амфитеатар 1 на Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Стоматолошки факултет – Скопје, проф. д-р Никола Ангелов од Стоматолошкиот факултет во Хјустон, Тексас, ќе одржи две предавања со наслов:
1.Фенотипска модификациона терапија како дел од современите концепти во пародонталната пластична хирургија.
2.Водич за практичари наменет за светската класификација на пародонтални и пери-имплантни болести и состојби.
проф. д-р Никола Ангелов е професор и раководител на Катедрата за пародонтологија и орална хигиена на Стоматолошкиот факултет во Хјустон, Тексас. Тој е носител на почесната титулата Raul G. Caffesse, D.D.S., M.S., Dr. Odont., доделена од Медицинскиот центар во Хјустон, Тексас. Од 2008 година, проф. д-р Никола Ангелов е дипломат на American Board of Periodontology. Има добиено специјално признание од Конгресот на Соединетите Американски Држави за извонреден и исклучителен придонес во општеството.
Фенотипска модификациона терапија како дел од современите концепти во пародонталната пластична хирургија: Предавањето ќе ги проследи актуелните хируршки техники како и примената на различно дизајнирани третмантски пристапи во ефикасно третирање на гингивалната рецесија и другите пародонтални проблеми, со нагласување на значењето на фенотипската модификациона терапија во пародонталната аугментација на меките ткива и постигнување на оптимална естетика во согласност со протетските и индивидуалните потреби на пациентот.
Водич за практичари наменет за светската класификација на пародонтални и пери-имплантни болести и состојби: Предавањето ќе даде краток преглед на постарите класификации на пародонталните заболувања од страна на Американската академија за пародонтологија (ААП), но и детален преглед на ААП класификацијата на пародонталните и пери-имплантните болести и состојби од 2017 година (гингивални заболувања, пародонтопатија и пери-имплантни болести), со цел подобро дефинирање на биолошките и клиничките димензии на заболувањето, како и нивна примена во клиничката пракса, клиничките истражувања и епидемиолошките студии.