ИЗВЕСТУВАЊЕ за одржување Собири за предлагање на членови и претседател на Факултетското студентско собрание на Стоматолошки факултет Скопје – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Почитувани професори и студенти,

Ве известуваме дека во врска со реализација на изборите за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на Стоматолошки факултет во Скопје кои ќе се одржат на 4.12.2024 година, потребно е предходно да се одржат собири на студенти на кои ќе бидат предложени кандидати за претседател и членови на ФСС.

Во продолжение е распоредот на одржување на Собирите:

Студиски програми на  Прв циклус студии

  • 29.11.2024 – I година Доктори по дентална медицина – 9:30 часот амфитеатар 2
  • 26.11.2024 – II година Доктори по дентална медицина – 15:00 часот амфитеатар 1
  • 27.11.2024 – III година Доктори по дентална медицина – 11:45 часот амфитеатар 2
  • 28.11.2024 – IV година Доктори по дентална медицина – 11:45 часот амфитеатар 1
  • 29.11.2024 – V  и VII година Доктори по дентална медицина – 8:10 часот амфитеатар 1
  • 29.11.2024 – Стручни забни техничари – 8:45  часот училница 1
  • 27.11.2024 – Стручни стоматолошки сестри-орални хигиенолози – 9:45 часот училница 2

Студиски програми Втор и Трет циклус студии

  • 29.11.2024 – Постдипломски и докторски студии во 15:00 часот амфитеатар 1

 

У П А Т С Т В О за спроведување на избори за членови и претседател на Факултетско студентско собрание на Универзитет „Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје, Стоматолошки факултет- Скопје во учебната 2024/2025  веќе е објавено на веб страната.

Со почит,

Изборна комисија

Ребека Јовановска, студент-претседател с.р.

Каролина Петровска, студент, – член с.р.

Наталиа Пеовска, студент-член с.р

Проф.д-р Едвард Јанев – член с.р.

Проф.д-р Наташа Ставрева – член с.р.