Во периодот од 15.2.2022 до 25.2.2022, теоретската настава за сите предмети во трите студиски програми, како и во изминатиот период, ќе се одвива online на платформата Microsoft Teams.
Почнувајќи од 28.2.2022 година, предметите кои ги изведуваат наставници од Медицинскиот факултет, УКИМ – Скопје, до крајот на семестарот, ќе продолжи online. Останатите предавања за студиската програма за доктори по дентална медицина, сметано од 28.2.2022 година, ќе се изведуваат на хибриден начин односно студентите ќе бидат поделени во две групи (А и Б). Тоа значи дека во текот на работната недела кога групата А ќе ги следи предавањата во амфитеатрите на Стоматолошкиот факултет, студентите од групата Б предавањето ќе го следат online (на teams).
Предавањата за студентите од студиските програми за стручни забни техничари почнувајќи од 28.2.2022 година, ќе се изведува со физичко присуство на сите студенти секоја работна недела. Предавањата за студентите од студиската програма за стручни стоматолошки сестри – орални хигиенолози ќе се одвива online на платформата Microsoft Teams.
Конечниот распоред на предавањата како и прецизната ангажираност на амфитеатрите и училниците ќе бидат соодветно истакнати.
Практичната настава ќе започне од 28.2.2022 година. Распоредот и начинот на кој ќе се изведува наставата по секој предмет ќе бидат дополнителни истакнати.