Известување за задолжителен систематски преглед – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Се известуваат студентите запишани во прва година на Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје дека е потребно задолжително да се јават на систематски преглед во период од 22.1.2024 до 29.2.2024 година во период од 7.30 до 12 часот во З.У. Поликлиника на Универзитетот.

Систематските прегледи ќе се вршат во ЗУ Поликлиника на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, која е сместена во студентскиот дом ,,Кузман Јосифовски Питу” на ул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 58.

Потребни документи кои треба да ги носите се следни:

  • Индекс
  • Заверена здравствена легитимација и електронска здравствена картичка
  • Копија од здравствена легитимација, од 2 до 5 страна.

Студентите кои нема да го извршат задолжителниот систематски преглед не може да заверат семестар.